Најголемите ривали Вардар и Еурофарм Пелистер пред официјалниот старт на сезона играа други трипати, но сега за првпат ќе се соочат во битка за бодови.
Натпреварот од петтото коло во Супер лигата е закажан за 1 октомври во СЦ „Јане Сандански“ од 19:00 часот.
Домаќинот веќе ги пушти билетите во продажба, кои ќе чинат 250 и 300 денари во зависност од местата на седење во салата.
Битолчани претходно ќе го одиграат домашниот натпревар против Струга, додека вардарци в сабота ќе гостуваат во Кавадарци кај Тиквеш.