Тимот на Охрид ги пушти во продажба билетите за претстојниот натпревар од ЕХФ Европскиот Куп.
Билетите за дуелот во СРЦ „Билјанини Извори“ против босанската Слога Добој ќе чинат 250 денари.
Тие можат да се купат онлајн ТУКА, а клубот дополнително ќе соопшти кога ќе можат да се купуваат и на билетарницата во салата.
Натпреварот меѓу Охрид и Слога Добој е закажан за 16 ноември со почеток во 18:00 часот во СРЦ „Билјанини Извори“.

























