Ракометарите на Охрид ќе го играат реваншот против Олимпијакос од четвртфиналето на ЕХФ Европскиот Куп пред полни трибини.
Ако на претходните натпревари против Баку, Слога Добој и Дукла Прага, салата не беше исполнета до последното место, сега сите билетите се распродадени.
Тренерот Ројевиќ и капитенот Ојлески побараа полни трибини и поддршка за реваншот против грчкиот тим, која ќе им биде неопходна во битката за нова европска победа и пласман во полуфиналето.
Натпреварот меѓу Охрид и Олимпијакос ќе се игра од 18:00 часот во СРЦ „Билјанини Извори“.
























