Вардар Неготино им се врати на победите во Првата лига, откако славеше против Јехона со убедливи 39-25.
За триумфот најголемата заслуга оди кај крилата Христи Бикоски и Мице Шилегов, кои дадоа десет, односно 11 погодоци и ги казнуваа сите гостински грешки.
Уште седум гола за неготинци додаде и Ѓорѓи Орешков, а победата беше најавена по првото полувреме кога беше плус седум за домашните, 18-11.
Во составот од Гостивар, се истакнаа искусниот Адис Салиу со седум и Бојан Давидоски со шест погодоци.
Во следното коло Вардар Неготино ќе гостува во Штип кај Текстилец, додека Јехона ќе игра дома против Македонија Ѓорче Петров.