Без македонски судии на Мундијалот во Германија и Холандија

Светското првенство во Германија и Холандија се наближува, а ИХФ ги објави официјалните лица.

Светската куќа на ракометот одреди 22 судиски парови од сите континенти, меѓу кои има три женски двојки од Аргентина, Бразил и Црна Гора.

Нема македонски судии на Мундијалот, иако Македонија има три двојки со ИХФ значка кои можеа да бидат делегирани.

Светското првенство во Германија и Холандија стартува на 27 ноември и ќе трае до 14 декември.