Изминатиот викенд беа комплетирани осминафиналните натпревари во женската Лига на шампиони и сега познати се двојките од кои ќе се бараат патниците на завршниот турнир во Будимпешта.
Сите екипи што победија на гостински терен во првите средби, ја одбранија предност, па околу патниците во ТОП 8 немаше никакви изненадувања.
Лига на шампиони, жени, осминафинале:
Ференцварош – Борусија Дортмунд 27-27, 31-25
Глорија Бистрица – Икаст 37-28, 35-34
Есбјерг – Подравка 31-29, 37-26
Оденсе – Дебрецин 34-34, 37-32
Во четвртфиналето се очекуваат големи возбудувања, а меѓу осумте учесници има по две екипи од Унгарија, Франција, Данска и Романија.
Лига на шампиони, жени, четвртфинале (18/19 април, 25/26 април)
Есбјерг – ЧСМ Букурешт
Ференцварош – Мец
Глорија Бистрица – Брест Бретањ
Оденсе – Ѓер
Во Лигата на Европа, двата тима каде што играа македонски репрезентативки се елиминирани во четвртфиналето.
Рапид Букурешт на Сара Ристовска славеше во реваншот против данскиот Виборг со шест гола, но тоа не беше доволно по поразот во Данска со девет погодоци.
Локомотива Загреб на Андреа Седлоска по поразот на домашен терен, загуби од францускиот Дижон и на реванш средбата.
Покрај Виборг и Дижон, на Ф4 во Лигата на Европа се пласираа германскиот Турингер и унгарскиор Естергом, а допрва ќе бидат познати полуфиналните двојки и местото на одржување на Ф4.
Лига на Европа, жени, четвртфинале:
Рапид Букурешт – Виборг 32-26, 26-35
Дижон – Локомотива Загреб 28-20, 30-20
Естергом – Мошонмаѓаровар 32-27, 36-25
Турингер – Никобинг 36-37, 31-27
Во ЕХФ Европскиот Куп, тимот што го елиминира Ѓорче Петров, Елче, загуби во шпанскиот двобој за само еден гол, па во полуфинале оди Атлетико Гуардес.
Шпански двобој ќе има и во полуфиналето, каде Гуардес ќе се сретне со Малага, кој запиша две победи над чешката Хазена Кинжварт.
За еден гол во полуфиналето помина и турската Бурса, која загуби кај ПАОК со пет гола, но славеше во првиот меч дома со шест погодоци.
Ривал на Бурса во полуфиналето ќе биде словачката Јувента Михаловце, која немаше проблеми со холандскиот Венло.
ЕХФ Европски Куп, жени, четвртфинале:
ПАОК – Бурса 34-29, 30-36
Елче – Гуардес 20-20, 20-21
Кинжварт – Малага 20-23, 18-33
Јувента Михаловце – Венло 29-24, 31-23
ЕХФ Европски Куп, жени, полуфинале (18/19 април, 25/26 април)
Малага – Гуардес
Бурса – Јувента Михаловце

























