Без конкуренција – Загреб владее 33 години во Хрватска

Тимот на Загреб ја освои 33. титула во хрватскиот шампионат, откако три пати го совлада Нексе во плеј-фот.

Загреб имаше победа и реми, односно три бода во плеј-офот, па во финалната серија му требаа уште три за да биде првак.

По триумфот на домашен терен со 33-23, славеше и на гостувањето во Нашице со 30-27 и ја потврди титулата.

Во досегашните 34 хрватски шампионати (еден беше откажан поради Ковид), Загреб беше освојувач на титулата.