На Фленсбург и без тренерот Николај Крикау не му оди баш најдобро, а капак на се беше елиминацијата од Мелсунген во Купот на Германија.
На тој натпревар Мелсунген победи со 30-28, a еден од најдобрите ракометари на Фленсбург, Мадс Менса Ларсен, направи потег што наиде на лоши реакции во јавноста.
При резултат 24-22, тренерот Андерс Егерт повика тајм-аут за Фленсбург. Стандардната процедура е снимањето со камера и микрофон при тв преносите, а Менса Ларсен ги загуби нервите. Данецот го грабна микрофнот, го скрши и го фрли.
На следниот тајм-аут на Фленсбург, пред крајот на мечот, Ларсен го повтори истото уште еднаш.
По мечот, Јим Фотгридсон се обиде да го оправда потегот на Ларсен со објаснувањето дека на претходниот меч со Мелсунген, тоа што се зборувало на тајм-аутите, било пренесено на спротивната страна и противникот точно знаел како ќе играат ракометарите на Фленсбург.
Јасно е дека ваквото објаснување не држи вода, па раководството на Бундес лигата веќе подготвува санкција за Фленсбург за овој потег.