Беше „виден“ во Струга, но заврши во Израел

Десниот бек од Бразил, Габриел Черубим, иако требаше да игра за Струга наредната сезона, тој трансфер нема да се реализира.

Бразилскиот интернационалец кој дојде во Борец ФЛ во пролетниот дел од минатата сезона ќе игра во Израел.

Тој се договори со тимот на Бер Шева и претстојната сезона ќе ја одигра во израелскиот шампионат.

Стружани се во потрага по друго решение на десната бековска позиција, откако Србинот Лазар Ристиќ се пресели во Пролетер Зрењанин.