Чешката репрезентација по поразот од Данска, денеска ја очекува нов предизвик на Европското првенство во Германија. Избраниците на Чави Сабате ќе играат против Португалија, а на голот на Чешка се враќа вистинска легенда – Мартин Галиа.
Чешкиот голман има 44 години, се уште е активен во Бањик Карвина, а во националниот тим беше долго време – како активен ракометар, но и како тренер на голманите.
44-годишниот кој сакаше да се пензионира од репрезентацијата на ЕП 2022 не успеа поради повреда, а Македонија му ја одзема шансата тоа да го направи на СП 2023, па тоа го остави за квалификациите за ЕП 2024 година, на дуелот меѓу Чешка и Израел.
Сега одново ќе застане на голот поради отсуството на Јан Хрдличка и ќе брани заедно со Томаш Мрква.
Македонија и Чешка во минатото играа меѓусебе и во квалификациите и на големите натпреварувања, а нашите репрезентативции редовно имаа проблеми со Галиа, а тој пак секогаш имаше дополнителен мотив кога играше против Македонците.
Поранешниот голман на Редбергслидс, Гепинген, Лемго, Гросшвалтат, Сент Гален и Горњик Забже за репрезентацијата на Чешка настапи на 218 натпревари.