Иако поранешниот германски репрезентативец Тобијас Рајхман во ракометот има освоено медал, сепак спортската кариера ја продолжува во друг спорт – во фудбал.
Фудбалскиот клуб Хајлигенроде, кој настапува во пониските германски лиги, објави засилување во стручниот штаб.
На функцијата тренер за физичка подготовка на младинските состави е назначен Рајхман, европски шампион од 2016 и освојувач на бронза на Олимписките игри истата година.
Десното крило ја заврши играчката кариера ова лето како член на Фуксе Берлин. За репрезентацијата на Германија одигра 106 натпревари.
Претходно Рајхман играше во големи клубови како Рајн Некар Левен, Келце, Mагдебург, Кил, Вецлар…


























