Беше дел од Металург и Пролет, сега се пресели на Кипар

Некогашниот десен бек на Металург и Пролет, Ѓорѓе Голубовиќ, во новата сезона ќе има нов предизвик во кариерата.

Српскиот интернационалец по една сезона помината во израелскиот шампионат во дресот на Хапоел Кирјат Оно, ја промени средината.

Десниот бек ќе настапува на Кипар, каде што ќе ги брани боите на амбициозниот шампион Анортозис Фамагуста.

Голубовиќ покрај настапите во Македонија, беше дел од грчкиот АЕК Атина, словачкиот Татран Прешов, шпанскиот Адемар Леон, унгарскиот Чурго…