Средниот бек Халил Озтурк во новата сезона ќе има нов предизвик и ќе ги брани боите на најдобриот турски клуб – Бешикташ.
Озтурк две сезони од својата кариера одигра во Македонија, во дресовите на Металург и Охрид од 2021 до 2023.
Тој ја започна кариерата во Мили Пјанго, потоа играше за Гозтепе и Спор Тото пред да дојде во Македонија.
По настапите во Автокоманда и покрај езерото една сезона мина во Катар Спорт Клуб, пред минатата сезона да се врати во Спор Тото.