Екипата на Берлин останува единствена екипа во А групата во лигата на шампионите со максимален учинок, 8 победи од исто толку натпревари, откако со 33-29 го победи Спортинг. Не само што се најдобра тим досега во групата, Германците имаат и најдобра гол разлика, + 32.
Иако играа само со 13 ракометари, не им пречеше на Германците да имаат високо темпо, и да победат.
Во последните 12 минути од средбата Берлин направи вистински скок, и од реми 24-24 отиде на 30-24 со што го реши победникот. Само во средината на вториот дел домашните имаа слаб период во кој им дозволија на гостите да се доближат, и да израмнат. Но, брзо се си дојде на свое место.
До 11. минута Спортинг имаше водство, и со два гола. Потоа Берлин израмни и ја презеде иницијативата, и н аполувреме имаше предност од 16-13.
Ласе Андерсон со 9 гола од 15 удари беше најпрецизен кај домаќините, а Мтијас Гидсел даде 8 гола. Ори Фреер од Спортинг даде 8 гола.
























