Фуксе Берлин остана лидер во групата, откако триумфираше на гостувањето во Португалија кај Спортинг, со 38-37. Германците стануваат единствен тим во Група А без пораз, истовремено го имаат и најдобриот напад сезонава по 7 одиграни натпревари.
Барселона останува на второто место во Група Б, по триумфот од 30-24 над Висла Плоцк. Шпанците сега заостануваат два бода зад Магдебург. Нант оствари сигурна победа над Динамо Букурешт со 35-28, во меч што беше решен уште во првите 30 минути благодарение на агресивна одбрана, брза транзиција и перфектна реализација од пенал. Со новите три бода сега Нант се искачи на третото место на табелата во групата А од лигата на шампионите.
Од почеток до крај Берлин имаше водство на мечот, а во самата завршница домашните намалија на еден гол, но во последната минута Берлин погоди за решавање на сите дилеми.
Нант тргна силно и брзо „се одлепија“, 5-2 (7 минута), 9-4 (13 минута), па 12-6 (18 минута), со што го наметнаа темпото и му ја наметнаа играта на ривалот. До паузата Нант целосно ја контролираше ситуацијата и со сигурна завршница стигна до високи 20-13.
Во второто полувреме, Нант не дозволи простор за неизвесност. За кратко време резултатот порасна на 24-14 (39 минута) и 27-15 (42 минута), што дефинитивно го „скрши“ отпорот на гостите.

























