Бенфика поразена од Иштад, екс вардарецот Диало херој на Тулуз во ремито со Фленсбург

Денеска стартуваше третото коло од главната фаза во Лигата на Европа, а на натпреварите кои беа на програмата од 18:45 часот две средби беа возбудливи.

Екипата на Бенфика, во која настапува Филип Талески, загуби на гостувањето во Шведска од Иштад со 37:33 (17:16).

Португалскиот тим е сигурен патник во осминафиналето, додека за првото место, кое што носи директен пласман во четвртфиналето во игра се Бидасоа и Лимож.

Фленсбург беше на чекор до директен пласман во четвртфиналето, но освои само бод на тешкото гостување кај Тулуз, 35:35.

Домаќините до големиот бод стигнаа со херојски кам-бек во финишот, губеа со 35:32, но со серија од 3:0 успеаја да се изборот за реми.

Голот за голема радост на домашните навивачи беше дело на екс вардарецот Бакари Диало. За искусниот ракометар тоа беше прв и највреден гол на дерби дуелот.

Правдата на овој дуел ја делеше македонската судиска двојка Даниело Божиновски и Виктор Начевски.

Лига на Европа, главна фаза, 3. коло, резултати:
ГУМЕРЗБАХ – ТАТАБАЊА 33-27
ТУЛУЗ – ФЛЕНСБУРГ 35-35
ИШТАД – БЕНФИКА 37-33
20:45 БИДАСОА – ЛИМОЖ
20:45 ГРАНОЉЕРС – ЛУЦЕРН
20:45 МЕЛСУНГЕН – ВОЈВОДИНА
20:45 МОНПЕЛЈЕ – ГОГ
20:45 ПОРТО – КИЛ