Бенфика на Талески подобра од Иштад, ГОГ доминантен против Монпелје

Екипата на Бенфика, во која настапува Филип Талекси, по несреќниот пораз минатата недела од Бидасоа Ирун, денеска се израдува на првата победа во главната фаза од Лигата на Евопа.

Македонецот и своите соиграчи славеа над незгодниот Иштад од Шведска со 36:31, а победата ја обезбедија уште во првиот дел, кој го добија со 18:14.

ГОГ одигра фуриозно на свој терен против еден од најголемите фаворити за титулата – Монпелје триумфирајќи со 33:27 и обезбди најмалку осминафинале.

Данскиот тим на полувреме имаше солидна предност од 17:10, додека во вториот дел гостите никако не можеа да заиграат според посакуваното.

Во победничката екипа најефикасен беше репрезентативецот на Норвешка, Тобијас Грондал, зад своето име запиша десет погодоци,, а подели и неколку асистенции.

На убедлив триумф се радуваше и Гумерзбах, кој на гостувањето во Унгарија кај Татабања победи со 44:29 (23:13).

За бундеслигашот ова беше важна победа во битката за четвртфинале, а во следното коло избраниците на Сигурдсон на домашен терен повторно ќе играат со унгарскиот тим.

Лига на Европа, главна фаза, 2. коло, резултати:
Бенфика – Иштад 36-31
Фленсбург – Тулуз 34-34
ГОГ – Монпелје 33-27
Луцерн – Гранољерс 43-42
Татабања – Гумерзбах 29-44
20:45 Кил – Порто
20:45 Лимож  – Бидасоа
20:45 Војводина – Мелсунген