Белош отпадна за дуелот со Македонија, Ромеро веднаш повика замена

Селекцијата на Австрија ќе биде без левиот бек Немања Белош за пријателскиот натпревар против Македонија.

Левиот бек, натурализиран Србин, отпадна од комбинација поради повреда, па селекторот Икер Ромеро веднаш повика замена.

На негово место против Македонија ќе игра левиот бек на Фиферс Маргаретен, Матс Рудницки, кој игра во одлична форма во австрискиот шампионат.

Натпреварот меѓу Македонија и Австрија се игра утре во Брегенц од 18:00 часот, а билетите се по цена од 30 и 40 евра, односно 120 евра за ВИП билети.