Некогашните ракометари на Вардар и Еурофарм Пелистер, Анте Кудуз и Руди Сери, ќе играат заедно во Франција.
Иако за Кудуз се шпекулираше дека е на добар пат да се пресели во Бундес лигата, сепак тоа нема да се случи.
Кудуз ќе се врати во клубот каде што ја почна интернационалната кариера – Дижон, кој се врати во елитното друштво во Франција.
Покрај него, дресот на Дижон ќе го облече и екс членот на пелистерци, Руди Сери, кој по една сезона си замина од Каен.