По пауза од пет години Барселона повторно е победник на Супер Глоуб, светското клупско првенство откако дури по 80 минути играње, односно 2 продолженија од 2х5 минути го победија Веспрем со 31-30 (26-26, 22-22, 13-12)
Кога во второто продолженија од 2х5 минути Барселона поведе со 28-26, се чинеше дека Шпанците конечно ќе направат предност што ќе им донесе титула. Но, за една минута се сменија работите, Веспрем двапати погоди и донесе израмнување, 28-28. Следуваа решавачките пет минути во кои мораше да има победник.
Емил Нилсен фати „жива топка“ во 77 минута, а потоа во последната минута не му дозволи на ривалот да поентира за израмнување, по што Барселона израмни на 30-30. Пак имаше Веспрем да постигне гол, и пак не успеај, а во полуконтра на празен гол Шпанците погодија за победа 31-30. Десетина секунди останаа, а ударот со топката од крило заврши „залепен“ меѓу нозете на Нилсен, за конечен резултат 31-30.
Во првото продолжение од 2х5 минутаи прво Веспрем не реализираше напад, а потоа и Барселона. Но од пенал Унгарците зголемија на 26-24 во 67 минута, но Каталонците брзо вратија исто така од пенал, за намалување на 26-25.
За секоја грешка нема поправен, па откако Веспрем под закана за пасивна игра не реализираше, на спротивната страна Барселона беше во шанса да постигне гол, и Дика Мем израмнува на 26-26 на 40 секунди до крај на мечот. И повторно иста слика како во регуларниот дел, и пак Веспрем не погоди оставајќи десетина секунди за напад на Шпанците, кои исто така не се снајдоа.
Актуелниот победник Веспрем иако имаше негатива од три гола во второто полувреме, на четири минути до крај на средбата успеа да направи пресврт и да поведе со 20-19 во 56 минута. Имаа Унгарците шанса да поведат и со два гола, но направија техничка грешка, а тоа Шпанците знаеја да го искористат и да израмнат.
Пак имаше потоа Веспрем шанса да погоди за водство, но топката заврши во блокот, а таа топка Нилсен ја фати на самата линија од шест метри во аголот. Барселона беше во напад, но направија пробивање, па Унгарците пак беа во можност во последниот напад да погодат за победа. Имаа 29 секунди, ама не успеаја да огранизираат напад кој ќе биде сериозен и ќе го загрози голот на Нилсен. Последната упатена топка заврши покрај голот, па се влезе во продолженија.
Во првото полувреме најчесто беше нерешено, или еден од тимовите имаше водство од еден гол. На крајот Барселона замина со гол предност во соблекувалните, 13-12.