Ракометарите на Барселона со одлично второто полувреме дојдоа до важна победа во првиот четвртфинален дуел против ПСЖ, триумфираа со дури осум гола разлика, 30:22.
Барселона сега на реванш дуелот, кој ќе биде одигран на 2 мај, ќе можи да си дозволи и нерешен резултат, но и пораз помал од седум гола.
До средината на првото полувреме се играше гол за гол, потоа составот на Раул Гонзалез од 5:5 дојде до 7:5. Во последните петнаесетина минути од првиот дел „светците“ најчесто водеа со два до три гола разлика, а голема заслуга за предноста на домашниот тим имаше голманот Андреас Паличка. Швеѓанецот до 20 минута имаше запишано седум одбрани. По 30 минута игра, францускиот шампион имаше активен резултат од 14:11.
Каталонскиот гигант се разбуди во вториот дел, по десет минути игра успеа да израмни на 17:17, потоа го презеде водството во свои раце. ПСЖ немаше сили да направи камбек, додека гостите во 45 минута дојдоа и до плус пет, 23:18. Домаќините како да застанаа во последните десет минути, во кои составот на Антонио Карлос Ортега започна постепено да ја зголемува разликата за конечни 30:20.