Каталонскиот гигант Басрселона запиша нова победа во Лигата на шампионите, откако на свој терен немаше поголеми проблеми против Порто на Никола Митревски и триумфираше со 40:33.
Порто пружи солиден отпор во првото полувреме, до 25 минута беше рамноправен ривал, но на пауза замина со негатива од 20:15.
Домаќините заиграа подобро во вториот дел и успеаја целосно да го надиграат гостинот, кој не можеше да направи нешто повеќе на овој дуел.
Кај Барселона најефикасни со по седум погодоци беа Алеш Гомез и Мелвин Ричардсон, додека голманот Перез Де Варгас имаше 12 погодоци.
Македонскиот репрезентативец Никола Митревски меѓу стативите забележа шест интервенции.