Барселона останува во трка за првото место во Б групата на лигата на шампионите, откако со 38-33 го победи ПСЖ во 10 коло. Сега Барселона има 18 бода, исто колку и лидерот Магдебург, но Германците треба да одиграат и натпревар.
Шпанците ја остварија 12-та победа во меѓусебните дуели со францускиот тим, кој последен пат победил во 2016 година. Барселона има одлична победничка серија од 21 триумф по ред сезонава.
ПСЖ останува на 5. место во групата со 6 бода, исто колку и ГОГ а два повеќе од Еурофарм Пелистер.
Уште во првото полувреме Барселона имаше предност од десет гола (22-12, 24-14, 25-15 и 26-16). Во второто полувреме имаа Шпанците повторно предност од 10 гола, а потоа малку „попуштија“ и му дозволија на ривалот да ја прпеолови предност на подносливи пет гола.
Гомез Абело со 10 гола и Дика Мем со 8 гола беа најпрецизни кај Барселона, а кај ПСЖ двоцифрен беше Пранди, постигнувајќи 14 гола.
Данскиот Алборг иако имаше мали проблеми, успеа да слави на гостувањето кај Динамо Букурешт со 30-27. Предводник на Алборг беше пивотот Симон Халд со шест гола, а десниот бек Бранко Вујовиќ постигна пет за романскиот шампион.


























