Барса триумфално низ Порто

Каталонскиот гигант Барселона дојде до трета победа во Лигата на шампионите, откако на гостувањето кај Порто славеше убедливо со 38:30.

Тимот, во кој настапува голманот на Македонија, Никола Митревски, одигра одлично во првиот дел, во кој до 20-та минута им парираше на гостите и во неколку наврати имаше минимална предност.

Сепак, тимот на Карлос Ортега со големата ангажираност во последните десет минути од првото полувреме успеа да создаде солидна предност и на полувреме замина со плус четири, 19:15.

Домаќините во вториот дел не можеа да ја повторат играта од првите дваесетина минути и веќе во 40-та минута при водство на Барселона од 27:20 беше јасно дека Митревски и колегите нема да имаат шанси за камбек.

Митревски во дуелот со Барселона имаше седум интервенции, додека неговиот колега Диего Рема запиша четири одбранети удари.

Победничката екипа беше предводена од Луис Фраде со шест и Аитор Арињо и Јанц Блаж кои постигнаа по пет погодоци.