Тимот на Барселона според очекувањата немаше конкуренција и на Ф8 во Купот на Кралот го освои трофејот.
Во финалето избраниците на Карлос Ортега го победија составот на Торелавега со убедливи 14 гола разлика, 37-23.
Претходно во четвртфиналето каталонскиот гигант исто така прослави висока победа против Кангас со 42-26, додека имаше потешка задача во полуфиналето со Бидасоа, кое го доби со 32-28.
Ова е одлично загревање за Барса и ракометарите пред настапот на завршниот турнир во Келн во Лигата на шампионите и дуелот со Kил.