Барса се загреа за Ф4 во ЛШ – го освои 29. трофеј во Кралскиот Куп

Тимот на Барселона имаше добар тест по завршувањето на Асобал лига, а пред почетокот на Ф4 во Лигата на шампионите.

Избраниците на Антонио Ортега немаше проблем на Ф8 турнирот од Купот на Кралот и го освои 29 трофеј во ова натпреварување.

Во финалето каталонскиот гигант немаше никакви проблеми и славеше со 34-25, откако и на полувремето беше 22-12.

Претходно во четвртфиналето Барса немаше никакви проблеми со Ваљадолид, а потоа во полуфиналето го елиминираше тимот на Уеска со победа 43-28.