Каталонскиот гигант Барселона планира да ги продолжи договорите со двајцата браќа-близнаци Петар и Ѓорѓе Цикуса.
Според пишувањата на „Мундо Депортиво“, Барса е блиску до нови соработки со талентираните близнаци.
18-годишните Петар и Ѓорѓе би требало да останат во Барселона до 2027 година. Петар ќе остане во каталонскиот гигант во првиот тим, додека Ѓорѓе би требало да оди на позајмица на една сезона во францускиот Монпелје.
Во тековната сезона од Асобал лигата, Петар на 20 меча даде 40 голови, додека во ЛШ постигна 15 погодоци. Ѓорѓе за 11 меча во Асобал има постигнато 26 гола.
Тие имаат балканско потеколо, иако имаа шанси и понуди да заиграат за Србија и Хрватска, сепак решија дека во иднина ќе го носат дресот на Шпанија и веќе дебитираа минатата година за сениорската репрезентација.