Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од петтото коло во Лигата на Европа.
Вардар ќе оди на далечно патување на Исланд за да игра со тимот на Валур, а официјалните лица доаѓаат од Балтикот.
Станува збор за Гитис Сниуревичиус и Андриус Григалионис од Литванија, а делегат е Илмарс Казиниекс од Летонија.
Натпреварот меѓу Валур и Вардар се игра во „Н1 Арена“ во Рејкјавик со почеток во 20:45 часот.