Селекцијата на Литванија по високиот пораз од Словенија со 36-25 во првото коло од квалификациите за ЕП 2026 година, ја чека Македонија во втората рунда.
Капитенот на балтичката репрезентација, Гердас Бабарскас, вели дека со поддршката од публиката можат да ја остварат целта.
„Секој натпревар е многу важен. Ние ќе се бориме за бодови на секој натпревар. Сега ќе играме дома со Македонците и ова е голема предност за нас. Со поддршка од нашите гледачи, со тој ентузијазам и со енергијата на тимот, можеме да постигнеме големи цели“, вели Бабарскас.
Литванците досега имаат играно на ЕП 1998 и ЕП 2022, па посакуваат по четири години пауза одново да се најдат на континенталниот собир.