Азеведо броеше до 11, Куманово без мака го реши Спартак

Тимот на Куманово по поразот кај Вардар им се врати на победите во Супер женската лига и славеше против Спартак со убедливи 39-31.

Натпреварот од 12 коло беше решен уште по првиот дел, кога избраничките на Славиша Димитријески имаа плус пет, 18-13.

Второто полувреме беше само формално одработување на задачата, и домаќинките ја одржаа и зголемија предноста.

Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Маријана Азеведо со 11 голови, а шест постигна Нена Нестороска. Во составот на Спартак, десет гола даде Зорица Андовска.

Во последното коло за оваа 2025 година, Спартак ќе игра дома со Пелистер, а Куманово ќе го пречека Чаир.