Репрезентативецот на Австрија, Константин Местл, кој имаше одлични партии на Европското првенство во Германија, својата кариера ќе ја продолжи во Бундес лигата.
Младиот голман на лето од Алпла Хард ќе се пресели во редовите на Лемго и во бундеслигашот ќе му прави друштво на својот сонародник Лукас Хутечек.
Двете страни се договорија на двегодишна соработка, па така Местл во најквалитетната лига во светот ќе настапува најмалку до 30 јуни, 2026 година.
Австрискиот голман беше еден од најзаслужните за обезбедениот пласман на својата репрезентација во главната фаза на континенталниот собир во Германија.
23-годишниот голман во Лемго ќе го има првото интернационално искуство и во германскиот тим ќе ја дели минутажата со искусниот Урх Кастелиц.