Австриски ривал за „сино-белите“ од Автокоманда, романски предизвик за Андоновски и Раховец

Во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена, денеска се одржа ждрепката за третото коло во Европскиот Куп.

Единствениот македонски тим во ждрепката беше актуелниот освојувач на Куп трофејот – тимот на Кире Лазаров.

За ривал во третото коло македонскиот претставник го доби австрискиот клуб Вест Виен, кој во претходната рунда го елиминира ВИФ од Фарски Острови.

Косовскиот шампион Раховец, каде тренер е Горан Андоновски, а таму игра Стефан Атанасовски, за ривал го доби романскиот тим Баја Маре. Партизан на Бојан Маџовски ќе се соочи со австрискиот Кремс.

Натпреварите од третото коло ќе се играат на 23/24 ноември, односно 30 ноември/1 декември.

Eвропски Куп, 3 коло:

Раховец (Косово) – Баја Маре (Романија)
Арендал (Норвешка) – Диомидис Аргус (Грција)
Алкалоид (Македонија) – Вест Виен (Австрија)
Пореч (Хрватска) – Крка (Словенија)
Анортозис (Кипар) – Фади Винтертур (Швајцарија)
Мотор Запорожје (Украина) – Извиѓач Љубушки (Босна и Херцеговина)
Драмен (Норвешка) – Леотар Требиње (Босна и Херцеговина)
Кремс (Австрија) – Партизан (Србија)
АЕК Атина (Грција) – Ловќен Цетиње (Црна Гора)
Бриксен (Италија) – Ловосице (Чешка)
Полва Сервити (Естонија) – Бешикташ (Турција)
Хаукар (Исланд) – Кур (Азербејџан)
Мистра (Естонија) – Јерузалем Ормож (Словенија)
Повашка Бистрица (Словачка) – БК-46 (Финска)
Потаиса Турда (Романија) – Олимпијакос (Грција)
Рунар Сандефјорд (Норвешка) – Целје (Словенија)