Покрај Хрватска и Црна Гора, кои веќе почнаа со подготовките за младинското Европско првенство во Словенија, последна во стројот влезе и селекцијата на Австрија.
Под водство на селекторот Михаел Драка, ракометарите веќе тренираат од неколку дена, а пред ЕП ќе имаат и три пријателски натпревари.
Австријците денеска ќе се сретнат со Словенија, додека утре ќе играат против селекцијата на Кувајт, а последната проверка ќе ја имаат на 5 јули против Саудиска Арабија.
Драка на подготовките има 18 ракометари, а 14 од нив беа во составот на СП во Хрватска и на средбата што Македонија ја доби со 29-22.
Средбата со Македонија на ЕП во Целје е на 13 јули.