Селекторката на женската репрезентација на Австрија, Моник Тијстерман, го објави списокот на ракометарки за двете подготвителни средби против Македонија.
Тијстерман реши да повика 17 ракометарки, на располагање го има најсилниот состав кој ќе игра и на претстојното ЕП 2024 на кое покрај Австрија, домаќини ќе бидат Унгарија и Швајцарија.
На списокот на Тијстерман се наоѓаат искусните голманки Петра Блажек и Лена Иванчок, потоа тука е сестрата на Лена – Инес Иванчок, сестрите Панџа од хрватската Подравка, како и искусните Дедиќ, Ковач и Фреј.
Австрискиот состав е комбинација на младост и искуство, па ќе биде добар тест за девојките на Кристијан Грчевски пред настапот на Европското првенство.
Натпреварите со Австрија се играат на 28 и 29 септември во Брегенц од 17:00 часот, односно 15:45 часот.