Селекторот на машката репрезентација на Австрија, Икер Ромеро, го објави скратениот список на ракометари пред Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.
Ромеро се реши за проверени имиња, тука се ветеранот Јанко Божовиќ, па Борис Живковиќ, Никола Билик, кој се врати од повреда, голманите Бергман и Мостл, искусниот Себастијан Фримел.
Пред Европското првенство, Австрија ќе има три теста – против Чешка, а потоа и на турнир во Франција против домаќинот, па Исланд или Словенија.
Австрија е во групата А, заедно со Србија, Германија и Шпанија, а своите натпревари ќе ги игра во „Јуске Банк Боксен“ во Хернинг.



























