Познат е конечниот состав од 18 ракометарки на еден од домаќините на Европското првенство, Австрија.
Селекторката Моник Тијстерман се одлучи за комбинација на младост и искуство, а тимот не се разликува многу од оној што играше против Македонија во септември.
Тијстерман смета на искусните Блажек, Ковач, Дедиќ, Фреј…тука се сестрите Иванчок, сестрите Панџа…
Австрија по контролите со Македонија, како и со Украина и Чешка, ја чека уште еден тест на 24 ноември против селекцијата на Германија.
Домаќинот на ЕП 2024, ќе игра на домашен терен во групната фаза против репрезентациите на Словенија, Норвешка и Словачка.