Еден од домаќините на СП 2025, Хрватска, се пласираше во финалето на Мундијалот откако славеше против Франција со 31-28.
Избраниците на Дагур Сигурдсон од почеток до крај доминираа на теренот и комплетно го надиграа големиот ривал.
Утре патуваат за Осло, а таму во „Унити Арена“, ќе играат со победникот од дуелот меѓу Данска и Португалија.
По 2009 година, кога СП се играше исто така во Хрватска, „коцкестите“ успеаја да обезбедат нов меч за злато.
Ова е петто финале на Мундијалите за Хрватска, а ќе се обиде да дојде до тронот по 22 години, откако генерацијата на Балиќ, Метличиќ, Лацковиќ, Шола…триумфираше против Португалија.
Хрватите во транс – ја торпедираа Франција за мундијалско финале!