Атлетик со крупни чекори кон Супер лига – има шест од шест

Амбициозниот состав на Атлетик го совлада составот на Овче Поле СУ со 35-26 и покажа дека е на добар пат кон суперлигашкото друштво.

Атлетик ги совлада сите ривали по еднаш и сега има шест победи на шест натпревари по првата четвртина од Првата лига.

Избраничките на Татјана Хмирова уште по првиот дел го решија прашањето околу победникот, кога водеа со 20-10.

Вториот дел беше шанса за разигрување на сите ракометарки и рутинско довршување на започната работа.

Сара Богојеска ги водеше домаќинките со девет погодоци, пет гола имаше Наталија Дишковска, а четири Моника Босилковска. Во составот на Овче Поле СУ, Јована Ангеловска даде осум, а Анастасија Сентовска седум гола.