Атлетик работи на долги патеки – договор за капитенот Чурлиновска до 2029 година

Тимот на Атлетик, кој сосема извесно од наредната сезона ќе биде дел од елитната женска конкуренција, ја продолжи соработката со една од најдобрите ракометарки.

Потпишан е нов договор со капитенот Матеа Чурлиновска, кој е со важност до 2029 година, па прилепчанката уште долго време ќе го чува голот на Атлетик.

Со овој потег Атлетик покажа дека работи на долги патеки и дека планира да игра важна улога во македонскиот ракомет.

Атлетик ја заврши полусезоната со 11 победи на 11 натпревари и максимален број на бодови по есенскиот дел во Првата лига.