Атлетик почна триумфално – со цел плен се враќа од Прилеп

Новиот тим на женската ракометна сцена, Атлетик, запиша прва победа во првиот меч во клупската историја.

Избраничките на Татјана Хмирова славеа на гостински терен кај Деспина со 28-19, откако и на паузата водеа со 11-6.

Во вториот дел гостинките од Скопје доминираа на теренот во Прилеп и на крајот рутински ја довршаа започнатата работа.

Шест гола за победничкиот тим имаше Андреа Конеска против својот екс клуб, додека пет постигна Моника Босилковска.

Во составот на Деспина се истакнаа Ѓорѓиоска и Гичева со по четири погодоци.