Атлетик организира меѓународен турнир – „Атлетик и пријателите“, ќе играат четири екипи!

Новиот женски тим на македонската сцена, кој игра одлично во прволигашката конкуренција и е на добар пат да влезе во елитата, Атлетик, ќе организира за првпат меѓународен турнир на кој учество ќе земат четири екипи.

Покрај домаќинот Атлетик, покана за учество добија и македонските екипи Вардар и Куманово, но и тимот на Будуќност, кој ќе допатува во Македонија со својата втора екипа.

Амбициозниот Атлетик има 11 победи на 11 меча досега во лигата, Вардар и Куманово се дел од ТОП 5 екипите во Супер женската лига, а Будуќност 2 ќе го донесе меѓународниот карактер на турнирот.

Турнирот „Атлетик и пријателите“ ќе се одржи во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје од 30 јануари до 1 февруари.

Сите три дена ќе се играат по два меча, секој со секого, а победникот е екипата што ќе собере најмногу бодови.

Распоред на натпревари:

30 јануари (петок)
16:00 Атлетик – Вардар
18:30 Будуќност 2 – Куманово

31 јануари (сабота)
16:00 Будуќност 2 – Вардар
18:30 Атлетик – Куманово

1 февруари (недела)
12:00 Будуќност – Атлетик
14:30 Куманово – Вардар