Атлетик на максимум – четири од четири во Првата женска лига

Тимот на Атлетик оствари уште една рутинска победа во Првата женска лига, откако славеше дома против Шампион со 41-9.

Избраничките на Татјана Хмирова поведоа со 10-1 по петнаесетина минути, а до паузата Атлетик имаш 19-3.

Во второто полувреме шанса за настап добија сите ракометарки, а предноста во корист на Атлетик само се зголемуваше.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Сандра Трпеска и Мирјана Думбалоска со по осум гола, а кај Шампион ниту една ракометарка не постигна повеќе од два гола.

Во следното коло Шампион ќе игра дома со Ѓорче Петров 2, додека Атлетик ќе гостува во Гостивар кај Јехона.