Aтлетик мисли на иднината – договор за Величковска до 2029 година

Тимот на Атлетик, кој сосема извесно од наредната сезона ќе биде дел од елитната женска конкуренција, ја продолжи соработката со една од најмладите ракометарки.

Потпишан е нов договор со левиот бек Анастасија Величковска, кој е со важност до 2029 година, па поранешната младинска репрезентативка ќе остане најмалку уште три сезони во тимот на Татјана Хмирова.

Со овој потег Атлетик покажа дека работи на долги патеки и дека планира да игра важна улога во македонскиот ракомет. Претходно на три сезони беше продолжена соработката и со капитенот Матеа Чурлиновска.

Атлетик ја заврши полусезоната со 11 победи на 11 натпревари и максимален број на бодови по есенскиот дел во Првата лига.