Еден од фаворитите за пласман во елитното друштво, екипата на Атлетик ја оствари третата победа во Првата лига.
Екипата на Татјана Хмирова немаше проблеми на гостувањето кај Стружанка и славеше со убедливи 37-20.
По петнаесетина минути беше 7-1 за Атлетик и беше јасно каков натпревар ќе гледаме до крајот.
Моника Босилковска го предводеше скопскиот состав со десет погодоци, а седум гола даде младинската репрезентативка Стефани Ристиќ. Во составот на Стружанка, засилувањето Еџе Сејадин беше стрелец на седум гола.
Во следното коло Стружанка ќе гостува кај Ѓорче Петров 2, додека Атлетик ќе биде домаќин на Шампион.