Aтлетик и натаму на максимум – славенички се врати од Прилеп

Тимот на Атлетик прослави уште една победа по ред во прволигашката конкуренција и славенички се врати од гостувањето кај Деспина од Прилеп со 32-27.

Гостинките немаа решение за искусната Мери Гичева која даде 12 погодоци, но немаше голема поддршка од колешките.

На полувремето беше нерешено, 16-16, но во вториот дел избраничките на Татјана Хмирова заиграа подобро и го решија победникот.

Најдобри стрелци во победничкиот состав беа прилепско-битолското трио – Богојеска, Босилковска и Дишковска со по пет гола.

Атлетик сега има 13 победи на 13 меча и вкупно 26 бодови, осум повеќе од второпласираните Ѓорче Петров 2 и Овче Поле СУ.