Атлетик е без конкуренција – прими само пет гола за цел меч со Шампион

Екипата на Атлетик ја продолжува победничката низа во прволигашката конкуренција и се наоѓа на добар пат кон Супер лигата.

Атлетик славеше на гостувањето кај Шампион со 29-5, откако и на полувремето водеше со 15-2.

Избраничките на Татјана Хмирова поведоа со 7-0, а потоа беше и 15-1, пред Шампион да го постигне вториот дел пред паузата.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Анастасија Дамјановска со осум и Мирјана Думбалоска со шест погодоци.

На табелата Атлетик е прв и има 20 бодови, а во последното коло од есенскиот дел од сезоната ќе игра дома со Јехона.