Најдобриот тим во прволигашката конкуренција, Атлетик и по 17 кола бележи само позитивни резултати и има 17 победи.
Атлетик славеше со 39 голови разлика против тимот на Јехона со 46-7, откако во вториот дел прими само три гола.
Мирјана Думбалоска даде десет погодоци во тимот на Татјана Хмирова, додека девет пати погоди Моника Босилковска.
Атлетик е прв на табелата со 34 бодови, пред тимовите на Ѓорче Петров 2 и Овче Поле СУ кои имаат по 24
























