Атлетик без конкуренција – 14 победи на 14 меча

Тимот на Атлетик уште отсега може да прави планови за наредната сезона и играњето во елитната конкуренција.

Ракометарките на Татјана Хмирова славеа против Ѓорче Петров 2 со 29-24 и сега имаат 28 бодови, осум повеќе од младите „лавици“, кои имаат и меч повеќе.

По првото полувреме Атлетик водеше со 15-11, а во вториот дел домаќинките се одлепија со на седум гола предност и немаше дилеми околу победникот.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Богојеска со шест гола, како и Котевска и Дамјановска со по пет погодоци, додека кај Ѓорче Петров 2 се истакна Димоска со шест гола.