Кружниот напаѓач Стефан Атанасовски и чуварот на мрежата Александар Ѓурѓевиќ не се повеќе дел од суперлигашот Струга.
Двајцата ракометари и македонскиот тим се разделија по една полусезона и решија секој да тргне по својот пат.
Атанасовски и Ѓурѓевиќ дојдоа ова лето во Струга и беа дел од ростерот на тренерот Жарко Ферукоски на најголемиот дел од натпреварите.
Стружани ги очекува битка за опстанок во елитната конкуренција, но расадникот на ракометари и оваа сезона на големата сцена промовира многу млади имиња и идни надежи на македонскиот ракомет.
























