Атанасијевиќ: Висла е силен ривал, но одиме да го покажеме нашето вистинско лице

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер денеска патува за Полска, каде ќе игра со тамошниот првак Висла Плоцк во Лигата на шампионите.

Левиот бек Павле Атанасијевиќ вели дека е тешко за подготовки во напорниот ритам, а го анализираше и следниот ривал.

„Се подготвуваме колку што можеме, имаме напорен распоред и три натпревари во само седум дена. Висла е силен противник, кој летово доведе уште подобри играчи во својот ростер, но и минатата година се претставија во одлично светло. Нивното ниво сега е уште повисоко, затоа мораме добро да ги анализираме и да се спремиме соодветно. Малку ја вративме самодовербата после победата над Охрид, таму го прикажавме нашето вистинско лице. Мечот со Вардар е во минатото, сега се фокусираме само на идните предизвици“, вели Атанасијевиќ.

Натпреварот меѓу Висла Плоцк и Еурофарм Пелистер се игра во „Орлен Арена“ во Плоцк со почеток од 18:45 часот.